Њујорк дозволи склучување брак преку видео врска

Властите на американската сојузна држава Њујорк ќе им дозволат на нејзините жители да склучуваат брак на далечина преку видео-врска поради пандемијата од коронавирусот, објави во саботат демократскиот гувернер Ендрју Куомо на средбата со новинарите пренесувана преку неговата интернет страница.

„Денеска ќе потпишеме указ кој ќе им овозможи на луѓето во режим на далечина да добијат брачни сертификати, а службениците да ги одржуваат брачните церемонии преку видео линк. Кога станува збор за бракот не може да има никави оправдувања“, рече Куомо.

Притоа гувернерот истакна дека од почетокот на ширењето на коронавирусот во оваа американска сојузна држава е зголемен бројот на разводите а намален е бројот на склучените бракови. Притоа Куомо не ги соопшти податоците за овие показатели за државата која важи за силен поддржувач на истополовите бракови кои ги дозволи пред девет години.

Според последните информации на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој ги ажурира податоците добиени од властите на сојузните држави, Светската организација и други официјални извори, во државата Њујорк како последици од зараза со коронавирусот починале 17.131 лица, што ја вбројува во еден од најпогодените региони во светот, и те речиси третина од сите смртни исходи во САД.