(ВИДЕО) Сателитски воз над Македонија, лансирани пет ракети со по 60 сателити

Граѓаните на Македонија, како и во регионот овие денови забележаа необично движење на небото за кои се пишуваа разни приказни како НЛО, заговор против цивилизацијата и сл, но тие со со месеци кружат околу Земјата и можат да се забележат со голо око.

Имено, ова е сателитското соѕвездие на компанијата „SpaceX“, а има за цел да обезбеди сателитски пристап до интернет.

Американската компанија на 18 март лансирала пет групи од по 60 сателити кои во моментов се наоѓаат на висина од околу 280 километри над земјата и полека се доближуваат кон крајната дестинација, односно на висина од 550 километри каде веќе се наоѓаат претходно лансираните сателити.

Соѕвездието се состои од повеќе мали сателити во ниската орбита на земјата, кои работат во комбинација со копнени предаватели.

Проектот изнесува 10 билиони американски долари, и започна во мај 2015 година, а во февруари 2018 година веќе беа лансирани првите два тест летови на сателитски прототипи.

Целта на компанијата е, во орбитата, да подигне околу 12.000 сателити.

На овој ЛИНК можете да дознаете кога во близина на вашата локација можете да видите сателит кои се движи на небото.