
Најискрени честитки за големиот христијански празник Велигден, со желба и молба за празнување во семејството во благосостојба, здравје, радост и среќа, упати во неделата челникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.
„Во духот на овој благословен ден на воскреснувањето на животот и надежта, да рефлектираме, бидејќи без разлика на нашите определби, ние сме обединети во највисоките човечки вредности на хуманизмот, жртвувањето, љубовта и солидарноста“, се истакнува во велигденската честика на Ахмети.
Им посакувам, се додава во пораката на Ахмети, на верниците и на сите граѓани, душевен мир и спокој во овие празнички денови и се молам за сите които се жртвуваат за да ни помогнат и да нѐ заштитат.