Виртуелниот „корона концерт“ собра 127 милиони долари

Глобалниот виртуелен концерт од дома под мотото „Еден свет: Заедно дома“, кој го организираше популарната американска ѕвезда Лејди Гага собра 127 милиони долари, сума која ќе биде донирана за поддршка на здравствените работници кои се на првата линија во борба против коронавирусот.

Глобалниот добротворен концерт, беше организиран за да се подигне свеста и да се придонесе за финансирање за глобалната борба против КОВИД-19.

Организацијата „Глобален граѓанин“ и Светската здравствена организација го поддржаа настанот и се здружија со познати личности.

Овој настан е под водство на Лејди Гага, а во него беа вклучени ексклузивни настапи на бројни светски ѕвезди, меѓу кои: Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Амстронг од Green Day, Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, ФИНЕНЕС, Идрис и Сабрина Елба, Џеј Балвин, Џон Леџенд и уште многу други.