
Центарот за здравствена заштита на Хонгконг, кој дејствува во рамките на министерството за здравство, објави дека во последните 24 часа не се забележани нови случаи на зараза со новиот тип коронавирус во оваа кинеска авнотномна област, првпат од избувнувањето на епидемијата.
Досега во Хонгконг се потврде и 1.025 случаи на заразата, од кои четири лица починале. Неколку дена со ред бројот на новозаразените беше едноцифрен. Бројот на заразените се зголеми во текот на вториот бран на епидемијата, од 360 на почетокот од април, а 57,5 отсто од овие случаи се поврзани со доаѓањата од Велика Британија, чијашто колонија беше Хонгонг до 1990-те години.
Хонгоншките власти апелираат до населението да се придржува на социјалното дистанцирање, помалку да излегуваат и да ги избегнуваат општествените активности.
Рестрикциите коишто се однесуваат на воздушниот сообраќај и регулирањето на влегивањата во Хонгконг остануваат на сила, како и рестриктивните мерки кои ги погаѓаат прехранбената индустрија и јавните служби.
Рестораните се отворени но со лимитиран капацитет, додека ноќните клубови, баровите, вежбалниците, кината и алоните за убавина се затворени, како и сите оббразовни институции.