
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Температурата ќе се движи од 7 до 23 Целзиусови степени. Во Скопје и околината температирата ќе биде од 11 до 22 степени.
Од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.
Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, наместа ќе бидат пообилни.