
Под влијание на влажен воздушен бран денеска времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи, соопшти УХМР.
Врнежите во текот на ноќта и утре ќе се поинтензивни, повремено пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме со силен ветер (над 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Утре во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 10 до 15 степени.