
Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19:00 до 05:00 часот, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
По појава на корона вирусот во Македонија, првично полицискиот час почна да се применува од 21:00 до 05:00 часот, односно оваа одлука траеше неколку дена и потоа беше заменета со времетрање на полицискиот час од 16:00 до 05:00 часот.
Воедно од Владата на неколку наврати информираа дека олеснување на рестриктивните мерки ќе почне да се применуваат по 1 мај.