Здравствниот персонал и понатаму се соочува со недостиг на медицинска опрема

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМЕ, Игор Николов во своето гостување во телевизија 24 зборуваше како здравствениот персонал се справува со оваа ситуација поврзана со корона вирусот при што посочи дека состојбата не е таква како што се Владата и министерот Филипче ја претствуваат во јавноста.

-Ризикот секогаш постои е многу голем за здравствениот пероснал заради тоа се и апелите да се превземат максималн мерки за заштита на здравстениот персонал. На почетокот и сами бевте сведоци и сведоци сме до социјалните медиуми, здравствените работници апелираа за помош, опрема, бараа соодветна заштита, а тоа и понатаму продолжува. Иако секојдневно сме убедувани дека состојбата е добра, сепак, колегите со кои што се комуницирам на дневна основа, кажуваат дека станува збор за не баш таква сотојба каква што се прикажува.

Николов во своет гостување го додаде и следново:

-Луѓето не се чуствуваат заштитено, не се чуствуваат заштитени со соодветна опрема, не се чувствуваат заштитено дека се информирани за кое ниво на ризик која опрема треба да се користи. Не се добро информирани опремата како би требало да се употребува. Во овој момент најважно е елиминирањето на опремата. Луѓето или немаат доволно информации или немаат доволно опрема или кога имаат опрема таа е несоодветна и несоодветно се употребува.