Центата на нафтата од марката WTI порасна за 30 отсто

Цената на лесната сурова нафта од марката WTI (West Texas Intermediate) порасна во средата за 30 отсто и достигна 16 долари за барел, откако во вторникот го заврши тргувањето на 6,55 долари, додека барелот на северноморската нафта од марката Brent поскапе за 12 отсто.

Според податоците од светските нафтени пазари, во 16 часот по македонско време, цената на јунските фјучерси на нафтта WTI порасна за 30,6 отсто, на 15,1 долари за барел. Само неколку минути ја достигна цената од 16,2 долари, откако претходниот трговски ден барел од овој бренд нафта чинеше 6,55 долари.

Истовремено цената на јунските фјучерси за нафтата од брендот Brent порасна за 11,59 отсто, на 21,57 долари за барел. На почетокот од денешното тргување, овој тип северноморската нафта падна под 16 долари, првпат по 11-ти декември 1999 година.