Кралицата Елизабета го прославува својот 94-ти роденден со виртуелна забава

Кралицата Елизабета Втора ќе организира виртуелна забава за својот роденден бидејќи мерките на владата не дозволуваат никој да ја посети.

Оваа година исто така ќе изостане и почесната стрелба бидејќи кралицата смета дека тоа не би било соодветно во оваа ситуација. Ова ќе биде првпат за 68 години од владеењето на кралицата, нејзиниот роденден да не биде одбележан на тој начин, но затоа исто така за првпат нејзината прослава ќе биде одржана онлајн.

Се очекува британската кралица да се поврзе преку видео повик со своите роднини од кралското семејство, во облик на виртуелна забава, а нејзините соработници ќе се погрижат за тоа разговорите да останат приватни, пренесува “Sun”.

Принцот Вилијам претходно рекол дека членовите на семејството користат “Zoom” за да останат во контакт од своите различни места на изолација – кралицата е во Виндзор, принцот Чарлс е во Шкотска, принцот Вилијам е во Норфолк додека принцот Хари сега живее во Лос Анџелес.