Над 45 илјади починати од коронавирусот во САД

Бројот на смртниет случаи во САД ја надмина во вторникот бројката од 45.000, удвојувајќи се за малку повеќе од една седмица, со бројот на заразените кој надминува 800.000, според податоците на агенцијата Reuters.

САД имаа далеку најголем број на потврдени случаи на зараза со короанвирусот, речиси четири пати повеќе од Шпанија, земјата која е втора според бројот на инфицираните. Глобално, бројката заразени надмина 2,5 милиони во вторникот, со Северна Америка која ги бележи третината од сите потврдени случаи.

Бројот на смртните исходи во последните 24 часа во САД остро се зголеми, со 2.751 нов случај, додека ден претходно имаше малку над 1.400 починати.

Сојузните држави Њу Џерси, Пенсилванија и Мичиген, пријавија во вторникот најголем број починати од коронавирусот во еден дена, над 800 лица во секоја од трите држави. Државата Њујорк, којашто е жариште на епидемијата во САД, пријави 481 починат.

Бројката на новите случаи во САД оваа седмица забавува, со раст помал од 30.000 дневно во последните три дена. На 4-ти април, на пример, бројот на приајвените сличиа изнесуваше 35.392.

Здравствените експерти предупредуват дека ќе биде потребно засилено тестирање, доколку се ублажат рестриктивните мерки, за кои велат дека се клични во забавувањето на ширењето на оваа високозаразна респираторна болест. Меѓутоа, мерките ја запреа економијата и принудија 22 милиони луѓе да се пријават за надомест за невработените само минатата седмица.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави во вторникот дека претседателот Доналд Трамп издејствувал помош во набавката на хемискиот реагенс и други резерви кои се потребни на државата и на истоимениот град за да ги удвојат своите капацитети за тестирањето на вирусот.

Њујорк, во кој се регистрриани близу половината од смртните случаи во САД, има претпазлив став во врска со отворањето на дејностите и училиштата. Во понеделникот градските власти соопштија дека концертите и другите големи настани ќе бидат откажани до јуни, што е многу поинаку од мерките на некои јужни држави, како Џорџија и Јужна Каролина, кои го попуштаат карантинот.

Гувернерите на повеќето сојузни држави во вторникот започнаа со плановите за делумно отворање, и покрај предупредувањето на некои од здравствените експерти дека тоа може да предизвика нов бран на епидемијата.

Ублажувањето на мерките во Џорџија и Јужна Каролина и повеќето јужни држави следеше по протестите против ограничувањата кои беа наметнати во текот на пандемијата и поради којашто компаниите беа принудени да запрат со активностите, а населението да остане во домовите.

Повеќето испитаници во анкетата на агенциајта Reuters и институтот Ipsos, сметаат дека одредбата за останува дома треба да бидат на сила сѐ додека здравствените власти не одредат дека нивното отстранување е сигурно, и покрај огромната штета што ти ја нанесуваат на американската економија. Гувернерите се наоѓаат под притисокот на компаниите од кои земаат големи приходи во даноци и од пратенциите да ги ублажат уредбите за мерката за забрана за напуштање на домовите.