
Во Градаската општа болница (ГОБ) „8-ми Септември“ од последици на заразата со новиот тип коронавирус почина 51-годишен скопјанец, со што вкупната бројка смртни исходи е 56 лица.
Пациентот во централната скопска болница бил примен во болницата на 9-ти април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:
- Скопје – 422
- Куманово – 342
- Дебар – 51
- Штип-34
- Прилеп –126
- Тетово – 62
- Струга – 55
- Велес – 62
- Битола –17
- Охрид –15
- Кавадарци – 4
- Гостивар –13
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-4
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 28
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино -2
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод -2
- Пехчево- 1
- Валандово -1
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141 и Систина со PCR метода -31. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.