
Отсекогаш сме успевале заедно, ќе успееме и сега, само со работа и дисциплина, порача градоначалникот на Општина Кичево по објавувањето на најновиот билтен од Министерството здраство за состојбата со коронавирусот во нашата држава.
-Кичево сè уште останува недопрена од Ковид-19. Најновиот случај објавен од Министерството за здравство, се наоѓа во изолациониот центар во Скопје, кој потекнува од европски земји и не престојувал во Кичево, вели Дехари во соопштението.