Пукање во Тетово при приведување лице од скопско барано со потерница

Во Тетово попладнето во четвртокот полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух за да спречи 37-годишник да избега при негово приведување поради распишана потерница, информираат од СВР Тетово.

Инцидентот се случил на улицата „Јане Сандански“ околу 16 часот.

„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот В.Ф  од скопското село Студеничани по кого имало распишана централна потерница за издржување на шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело трговија со луѓе. Пред да биде лишен од слобода, В.Ф се обидел да избега поради што полициски службеник на СВР Тетово испукал предупредувачки куршум во воздух“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор.