
Вкупно за само пет седмици од почетокот на пандемијата на коронавирусот рекордни 26 милиони граѓани на САД поднеле барање за надомест за невработени поради губењето на работните места, покажува извештајот на американската влада објавен во четвртокот.
Само во последната седмица уште 4,427 милиони отпуштени Американци аплицирале за надомест за невработеност, како резултат на ескалирањето на намалувањето на работните места во американската економија, покажуваат официјалните податоци.
Минатата седмица, пак, беа регистрирани 5,237 милиони лица чии работни места биле затворени, според ревидираните податоци на американското министерство за економија. Од средината на март без работа останале 26 милиони Американци, што одговара на 16 отсто од вкупниот број вработени во САД.
Со овие податоци се неутрализираат резултатите од најдолгиот период на процут на создавањето работни места и вработувањата во историјата на САД, од септември 2010 до февруари 2020 година, во кој беа отворени 22 милиони нови работни места.
Иако бројките и натаму се големи, тие во текот на минатата седмица и седмицата претходно, сепак, се помали отколку две седмици претходно, што е резултат на постепеното отворање на економиите во десетина сојузни држави кои ги послушаа апелите на претседателот Доналд Трамп. Тоа, исто така, ги подгрева надежите дека најтешкиот период можеби минал.
Рекордниот број барања за надомест за невработенсот, дури 6,867 милиони, е забележан во седмицата заклучно со 28-ми февраури.
„Американската економија ги губи работните места со брзина и во дименции какви што никогаш досега не сме имале можност да ги видиме. Тоа е нешто како природна катастрофа на нациопнално ниво“, коментира за Reuters, главен економист во „Bank of the West“ во Сан Франциско.
Економистите предвидуваат дека најновиот извештај на американската влада за вработенсота во парил ќе покаже нето загуба од дури 25 милиони работни места. Во март беа згаснати 701.000 работни места, најмногу во последните 11 години.