
Европските челници во четвртокот се усогласија дека Загрепскиот состанок на врвот меѓу Европската унија и земјите од западен Балкан, имајќи ги предвид епидемиолошките околности, да се одржи како видео-конференција на 6-ти мај во целосен состав на сите земји членки на ЕУ и шесте западнобалкански земји, соопшти владата на Хрватска, земјата којашто претседава со Советот до крајот на јуни.
Загрепскиот самит ќе се одржи во споменатиот облик на иницијатива на храватскиот премиер Андреј Пленковиќ, се анведвуа во соопштението на хрватската влада.
На видео-конференцијата на Европскиот своет одржана во четвртокот Пленковиќ истакнал дека предизвиците од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот може да се надвладее само со солидарност и заедништво на сите држави членки на ЕУ.
Загрепскиот самит требаше да се одржи на почетокот на мај. Европските лидери, дипломати и функционери повеќепати уверија дека и покрај длабоката криза низ која минува Европската Унија, Западниот Балкан нема да биде запоставен.
Самитот ЕУ – Западен Балкан треба да биде прилика за лидерите од регионот и од ЕУ да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат, како и за зајакнувањето на односите. На овој самит нема да се носат одлуки.