Зибери: Пратениците немаат право по распуштање на Собранието да носат одлуки

Треба да се направи разлика помеѓу мандат на пратеници избрани од верификација на нивниот мандат до верификација на мандат на ново избраните пратеници и извршување на функцијата на собранието кое е врзано со заседание на собранието. Значи на Собранието функционира се до моментот на распуштање. Во моментот кога Собранието се распушта таа престанува со вршење на својата функција определан со устав, закон и деловник и овие две прашања не треба да се мешаат, вели поранешниот министер и пратеник Насер Зибери во гостување во емисијата Вин Вин на телевизија Телма.

Зибери, смета дека по распуштање на собранието, пратениците се уште ја имаат функцијата пратеник се до верификација на новоизбраните пратеници, но тоа никако не значи дека собранието е во функција и дека може да се носат одлуки и негово повторно свикување.

Според него, Уставот предвидува продолжување на мандатот на пратеници подолго од четири години само во услови доколку Собранието претходно не е распуштено.

Значи и по распуштање на Собранието кое де факто значи престанок на вршење на законодавната функцијата на собранието во земјата има пратеници со манда и тие пратеници продолжуваат да бидат пратеници се до денот на верификација на мандатото на новите пратеници односно новоизбраните пратеници откако конституивната седница ќе го верификува нивниот мандат.Но, тоа не значи дека собранието е во функција во овој период од денот на распуштање до денот на верификација на мандатите и овие се две различни категории. Се разбира ова што Уставниот суд го установил не е во коализија со уставот во однос на можностите што ги дава Уставот кога може да се продолжи мандатот бидејќи Уставот го ограничува мандатот на пратениците и тој вели мандатот на пратениците трае 4 години, а во случај на воена или вонредна состојба може да се продолжи ама тоа подразбира дека собранието е во функција дека има потреба од носење на одлуки, па и прогласување на состојба и во тој случај за да не настане вакум, Уставот создава правна рамка да може мандатот на пратениците да се продолжи од предвидениот рок од 4 години, објасни Зибери.