
Ублажувањето на мерките на изолација во Италија ќе се одвива потапно во четири фази, а првата започнува на 27-ми април, пренесуваат во петокот италијанските медиуми, но сѐ уште нема официјална потврда.
„Станува збор за четири понеделника кои че го одредат ритамот на повторното отовеање на земјата“, по карантинот воведен на 9-ти март за да се спречи епидемијата од Covid-19 од која починаа во Италија над 25.000 луѓе, пишува водечкиот дневени весник миланска Corriere della Sera.
„Сѐ ќе зависи од крувата на заразата, доколку не расте фабриките за производство на алати за земјоделството и шумарството ќе бидат отворени на 27-ми март“, се наведува уште во текстот.
Во понеделникот на 4-ти мај се планира отворање на градилиштата и текстилната и модната индустрија, а на 11-ти мај е предвидено отворање на дуќаните со облека и обувки, како и на другите продавници.
Во четвртиот понеделник, на 18-ти мај, би требало да бидат отворени рестораните, баровите и фризерските салони.
Постепеното отворање на земјата ќе се одвиве со строги хигиенски мерки и социјално дистанцирае.
Во дуќаните од 40 квадратни метри или помалку, ќе се влегува еден по еден. Во рестораните и баровите ќе мора да се обезбеди растојание меѓу гостите од најмалку еден метар и предност ќе имаат угостителските објекти на отворено во однос на климатизираните простори, бидејќи клума-уредите може да придонесат за ширење на заразните честички.