
Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија Алсат зборуваше за тоа дали е потребно свикување на пратениците во Собранието во време на вонредна состојба и дали може да се организира изборен процес во вакви услови при што тој го посочи следново:
-Мојот став околу тоа прашање е дека што и да се случи и да продолжи СДСМ на неуставен начин да се обидува да ги свикува парламентарците во Парламентот ние ќе велиме не, тие ќе велат така е, ќе цитираме Устави, членови, Венецијански Комисии. Факт е дека ние имаме состојба на криза, дали ние формално сме ја прогласиле или не, ние имаме во моментот состојба на криза и логично е да го повикаме претседателот на државата бидејќи пред да се воведе вонредна состојба го повикавме претседателот да прогласи вонредна состојба. Пред да ја прогласи таа вонредна состојба имавме состанок кај претседателот на државата да најдеме начин како да се одложат тие избори. Тогаш на тој состанок нас ни беше аргументирано од страна на владеачкото мнозинство дека на нас ни е потребна вонредна состојба за да може владата да носи уредби со сила на закон бидејќи на стопанството му се потребни мерки, предлози и да донесеме уредба со која што ќе ги прекинеме изборните дејства. Ајде сега истиот претседател на државата да направи една таква лидерска средба да седнеме да поразговараме.
Мицкоски во своето гостување го повика претседателот Пендаровски да свика лидерска средба и владеачкото мнозинство да каже која е целта на ова противуставно собирање во Парламентот.
-Ја користам оваа прилика да го повикам претседателот во најскоро време, да не создаваме во реалноста непотребна тензија, да не се контрираме со позиции да се надмудруваме кој е погласен или повидлив, дајте да седнеме да направиме една лидерска средба, да ги отвориме картите, нека не запознае владеачкото мнозинтво, нека не запознае Зоран Заев што е целта на ова противно уставно собирање и да видиме дали можеме да се договориме.