СДСМ влегува во проект за создавање на новата „северномакедонска“ нација, обвинува опозицијата

Поранешниот премиер Зоран Заев, неговиот министер за надворешни работи Никола Димитров, високата партиска финкционерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, како и техничкиот премиер Оливер Спасовски и другтие корумпирани и неспособни функционери на СДСМ претставуваат ризик за Македонија, македонскиот народ, јазик и сѐ што претставува идентитетска одредница – тие се сериозна опасност сѐ додека се на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кај нив сиве овие трајни вредности имаат цена, а таа зависи од пазарната понуда и од нивните лични потреби. Се ценкаат и распродаваат нешто што не е нивно, туку било градено со генерации. Во моментов се случува скандал од невидени размери. Димитров , Заев и Спасовски кријат од македонската јавност документ со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори. Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

-Со овој документ Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, создавање на новата т.н. севереномакедонска нација и целосно откажување од се што е македонско. Капитулациите на Зоран Заев не завршуваат. Заев потполно ја стави државата на колена. Членството на Македонија во ЕУ е стратешки приоритет. Но да станеме дел од ЕУ, треба да го направиме достоинствено, а не понижени. Со промената на криминалците и кариеристи од оваа власт и кога ќе дојде чесен и патриотски тим може да ја направи Македонија партнер кој ќе биде ценет. токму тој тим ќе гради добрососедски односи на рамноправна основа и взаемно почитување, а не понижување, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.