Кина гради импозантни стадиони, посакува организација на СП

Кина вложува милијарди евра во изградбата на фудбалски стадиони, со амбиција да стане фудбалска сила и домаќин на светското провенство најрано до 2030 година.

Минатата седмица фудбалскиот клуб Гвангџу Евергранде ја почна изградбата на атрактивен стадион со капацитет од 100.000 гледачи, кој треба да стане најголемиот стадион на светот. Дизајниран во форма на лотосов цвет, ќе чини околу 1,7 милијарди евра, а ќе биде завршен до крајот на 2022 година.

Работите започнаа минатата седмица и целта е стадионот да стане нова знаменитост во светот, изјави претседателот на конгломератот за недвижнини „Evergrande“, Ксиа Хајџун,

Капацитетот од 100.000 места би го надминал капацитетот на „Кам Ноу“ на Барселона, кој во моментов е најголемиот стадион во фудбалскиот свет.

Компанијата „Evergrande“, чиј основач е еден од најбогатите Кинези, планира изградба на уште два стадиона во земјата со капацитети од околу 80.000 места.

Кина во следните две години би требало да добие најмалку 12 нови фудбалски арени. Повеќето постојни стадиони во Кина се мултифункционални, па на нив се одржуваат и други настани. Новите стадиони ќе служат исклучително за фудбал, кој стана приоритетен спорт во Кина.

„Желбата на Кина е добивање на организацијата на Светското првенство. Не е прашањето дали државата ќе се кандидира, туку кога“, вели новинарот на весникот Oriental Sports Daily, Џи Јујанг.

Претседателот на светската фудбалска асоцијација ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека минатата година дека би бил одушевен со кенеската канидатура за Светкото првенство во 2030 година.