
Напаѓачот Кристијано Роналдо ја гледа својата иднина во Јувентус. Триеесет и петгодишниот напаѓач има намера целосно да го изработи својот договор, со важност до летото 2022 година.
Португалецот има добри односи со раководството на „бјанко-нерите“. Кризата поврзана со прекинување на сезоната поради пандемијата на коронавирус нема да влијае на неговата иднина во Торино.
Роналдо во моментов е во карантин во Португалија, но постојано е во контакт со клубот.