
На 24.04.2020 година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје постапено е по судска наредба и извршен е претрес на дом и други простории кај лицето Р.Б од Скопје. При претресот во домот пронајдени се:
една полиетиленска паковка со амфетамин 4.4 грама, 16 полиетиленски паковања со марихуана со вкупна маса од 486 грама, две дигитални ваги и парични средства. Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициска станица, а на 25.04.2020 година по итна постапка поднесена е кривична пријава по член 215 ,,Неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори,, од Кривичниот законик на РСМ за што му е одреден 30 дневен куќен притвор.