
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го прогласи Бразилецот Роналдо за најдобар фудбалер во историјата.
Португалецот работеше со двократниот сопственик на „Златната топка“ во сезоната 1996/97, кога му помагаше на Боби Робсон во Барселона.
– Најдобриот играч во историјата? Роналдо „Феноменот“. Кристијано Роналдо и Меси имаат подолги кариери, тие остануваат на највисоко ниво изминатите 15 години. Но, зборувајќи за талент и вештини, никој нема да го надмине Бразилецот Роналдо, изјави Мурињо.