Македонија трета по смртност од коронавирус во целиот регион

Македонија повторно е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на  починати и заболени лица од коронавирусот, но и според направени тестови.

Во однос на починати лица, во регионов Македонија е веднаш после Словенија и Турција.

Мртви на 1 милион жители:

Словенија 39, Турција 33, Македонија 30, БиХ 18, Србија 18, Грција 13, Хрватска 13, Црна Гора, 11 Албанија 10, Бугарија 8.

Заразени на 1 милион жители:

Турција 1306, Србија 920, Словенија 671, Македонија 665, Црна Гора 511, Хрватска 494, БиХ 462, Албанија 252, Грција 241, Бугарија 194.

Тестови на 1 милион жители:

Словенија 23557, Турција 10656, Црна Гора 8096,, БиХ 7873, Хрватска 7703, Србија 7360, Македонија 7257, Грција 6199, Бугарија 3886, Албанија 2529.