
Група шведски научници од Универзитетот во Гетеборг развила нов тест кој покажува две нивоа на промени во нервното ткиво во случаи кога се развива Алцхајмеровата болест, а резултатите од истражувањето кое се заснова на едноставна анализа на крвта се објавени во британскиот медицински магазин Lancet Neurology.
Според научниците, Алцхајмеровата болест ја карактеризираат две кардинални промени во структурите на нервните клетки. Еден од патолошките механизми е формирањето внатреклеточни формации кај пациентите, кои се всушност протеини наречени бета-амилоид. Другата болна формација се неврофибрилните нишки, кои се вклучени во формирањето на тау-протеините. Нивната прекумерна акумулација продонесува за развој на деменција, и не само во случајот на Алцхајмеровата болест.
Авторите на студијата, професорите по неврохемија на Универзитетот во Гетеборг, Каји Бленоу и Хенрик Цетерберг, сметаат дека определувањето на овие два фактора во крвта на човекот може да послужи за раното откривање на знаците на оваа болест. Според нив, новиот дијагностички метод се заснова на „мерењето на степенот на фосфорилацијата (учеството во метаболизмот на нервните клетки) на тау-протеинот (P-тау181) во текот на едноставната анализа на човечката крв“. Оваа техника овозможува тестирање при минимална содржина на протеините во истражуваниот материја, се констатира во студијата.
Поевтино и поприфатливо
Досега тeстовите за вишокот на тау-протеините (P-тау181) во човековиот организам се изведуваа главно при испитувањето на цереброспиналната течност. Овој метод е скап и за да се утврди патолошкиот протеин, потребно е тој да го има во многу поголеми количества, се истакнува во студијата.
Пред извесен период беше предложен друг метод за раното откривање на протеините, кои ѝ претходат на Алцхајмеровата болест. Станува збор за томографија на емисијата на позитрони, чијашто цена е многу висока.
Со тоа, како што тврдат авторите на студијата, сега предложениот метод за откривање на раните знаци на Алцхајмеровата болест со конвеционална анализа на крвта, е во предност и според достапноста и според квалитетот на анализата.
Бленоу се надева дека во иднина новиот тест „ќе влезе во практиката на терапевтската заедница“. Од своја страна, пак, неговиот колега Цетерберг е убеден дека „одредувањето на нивото на P-тау181 во крвната плазма ќе овозможи да се контролира ефективноста на препаратите за Алцхајмеровата болест“ коишто, како што верува, ќе се појават многу скоро.
За Алцхајмеровата болест
Алцхајмеровата болест е прогресивно заболување на мозокот кое се карактеризира со губење на памтењето, способноста за расудување и промена на особеностите кај личноста. Освен што станува збор за водечкиот проблем на јавното здравство во светот, ова нарушување е најчестата форма на деменцијата која бара правовремено препознаање и лекување. Развојот на болеста е придружен со акумилирање на ткивата во мозочното ткиво, што се состои иод амилоиди (пептиди). Тие содејствуваат со никотинските рецептори на ацетилхолин, што доведува до нарушување на конгитивните процеси.
Алцхајмеровата болест ја карактеризира незабелижетелн почеток и постепно влошување на менталниот статус. Во првите неколку години болеста не мора да покажува драматични симптоми, додека во подоцната фаза на болеста, пациентот сѐ повеќе зависи од туѓата помош. Иако болеста не се развива на ист начин кај сите пациенти, во просек нејзиниот развој трае околу десетина години. Преосечниот животен век на пациентот зависи од неговата возраст, но по правило се движи од седум до десет години.
Имајќи ја предвид зачестеноста на Алцхајмерот и другите форми на деменција, значително се зголемува со возраста, а забележанн е и трендот на стареење на светската популација, се очекува натамошен пораст на бројките. Од различни форми на деменцијата денес во светот боледуваат околу 47 милиони луѓе, а според некои стучни процени до 2050 година се очекува овој број да достигне 152 милиони, па затоа и ја нарекуваат „епидемија на XXI век“. Во Македонија има околу 20.000 болни од Алцхајмеровата деменција, според светската статистика.