
Компанијата „Некстсенс“, која ја изработи апликацијата СтопКорона! утре во 12 часот ќе ја презентира апликацијата на интернационален онлајн фестивал на тема „Како светот реагира на ковид-19“, во организација на меѓународната плаформа за новинарство Outride.rs.
Фестивалот, на кој ќе учествуваат претставници од целиот свет, се одржува на симболичен ден – ден на Суперхероите, и има за цел да ги одбележи најголемите иницијативи и иноватори во кризата со коронавирусот и да инспирира нови решенија за борба против ковид-19.
Имајќи го предвид големиот интерес во светот за ваков тип на мобилна апликација која овозможува следење на изложеноста на ковид-19, „Некстсенс“ на Фестивалот ќе ги презентира искуствата и моделот на мобилна апликација за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации, со користење на Bluetooth технологија. Мобилната апликација СтопКорона! е прва од овој тип во регионот на ЈИЕ и меѓу неколкуте во светот.
Меѓународниот Фестивал ќе биде емитуван во живо на Facebook https://www.facebook.com/events/181692989528550
Агендата и сите информации за фестивалот се достапни на https://festiwal.outride.rs/en/