Приведено лицето кое изутрината го наруши јавниот ред и мир

Полицијата го приведе лицето од снимката што изутрината се споделуваше на социјалните мрежи, на која се гледа како е качено на возило, пее и го нарушуваа јавниот ред и мир.

Од МВР информираат дека станува збор за  лицето Х.Ј, кое е приведено и против него ќе биде поднесена пријава за „карање, викање, дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и за „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и за „омаловажување на државни органи“