
Американскиот и францускиот претседател Доналд Трамп и Емануел Макрон во телефонскиот разговор се согласија дека е неопходна реформа на Светската здравствена организација (СЗО), изјави портпаролот на Бела куќа, Џуд Дир.
Тој на Твитер напиша дека двајцата лидери разговарале за „позитивниот развој на настани во борбата против пандемијата со коронависурост и напредокот за повторно отворање на светската економија“.
Трамп претходно го стопира финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја дека не управува добро со пандемијата и дека ги промовирала „кинеските дезинформации“ за новиот коронавирус.