
Втор бран американски сојузни држави, и покрај спротиставувањето на демократските функционери, се подготвуваат следната седмица повторно да ги покренат своите економии, откако стручњаците предвидуваат дека поради воведените рестриктивни мерки поради пандемијата од коронавирусот невработеноста во април ќе достигне 16 отсто.
Некои американски здравствени стручњаци сметаат дека олеснувањето на мерките донесени поради спречувањето на ширењето на вирусот SARS-Cov-2 ќе доведе до поголема интеракција на луѓето и тои то би можело да покрене нов бран зарази со Covid-19, респираторната болест која ја предизвикува овој нов коронавирус. Од неа досега во САД се починати речиси 54.000 луѓе, а заразени се близу милион.
Колорадо, Мисисипи, Минесота, Монтана и Тенеси ќе им се придружат на другите сојузни држави во постепеното отворање на своите економија, но без опшрема за тестирање и следење на контактите за која епидемиолозите велат дека е потребна за да се спречи повторното ширење на заразата. По еден месец ограничувања на движењата кои ги воведе сојузната влада, Џорџија, Оклахома, Алјаска и Јужна Каролина веќе тргнаа во повторното отворање на своите економии.
Поради овие рестриктивни мерки без преседан, од средината на март до средината на април рекордни нови 26,5 милиони Американци побарале помош за невработени. Само во последната седмица уште 4,427 милиони отпуштени Американци аплицирале за надомест за невработеност, како резултат на ескалирањето на намалувањето на работните места во американската економија, покажуваат официјалните податоци. Седмица претходно, пак, беа регистрирани 5,237 милиони лица чии работни места биле затворени, според ревидираните податоци на американското министерство за економиј. Рекордниот број барања за надомест за невработеност, дури 6,867 милиони, е забележан во седмицата заклучно со 28-ми февраури.
Советникот на Белата куќа за економија Кевин Хасет за новинарите изјави дека стапката на невработеност во САД во април ќе достигне веројатно 16 или повеќе отсто, што одговара на претходно наведениот показател. „Мислам дека следните неколку месеци ќе бидат ужасни. Бројките ќе бидат лоши како никогаш досега“, рекол Хасет во неделата.
Непартиското Конгресно биро за буџет (CBO) и за следната година предвидува невработеност поголема од 10 отсто. Со овие податоци се неутрализираат резултатите од најдолгиот период на процут на создавањето работни места и вработувањата во историјата на САД, од септември 2010 до февруари 2020 година, во кој беа отворени 22 милиони нови работни места.
Сојузната држава Тенеси најави дека ќе дозволи отворање на рестораните во понеделник, а истиот ден во Мисисипи истекува уредбата за задолжително останување дома. Монтана им дозволува на компаниите од понеделникот повторно да почнат да работата, ако го ограничат бројот на луѓето на даден простор и да ја почитуваат социјалната дистанца, додека Минесота во понеделникот ќе им овозможи на некои дејности повторно да работата со што на работните места ќе може да се вратат 80.000 до 100.000 лица во производството и канцелариските дејности.
Во Колорадо, демократскиот гувернер Џаред Полис, даде зелено светло од понедленикот стоките да се испорачуваат и преземаат надвор од продавниците. Фризерските салони, берберите и салоните за тетовирање ќе можат да отворат во петок, а по нив следат продавнциите, ресторатени и кината.
Укинувањата на ограничувањата не е исто и во самите сојузни држави. Во Денвер, на пример, уредбата за останување дома ја продолжи до 8-ми мај, но жителите на градот може да се потстрижат во соседниот округ.
Девет американски сојузни држави никогаш на своите граѓани не им наложија да останат дома, а меѓу нив се Араканзас, Ајова, Небраска, Северна и Јужна Дакота.