
Народот вели образ ѓон. Се потврди дека СДСМ е фалсификаторска партија. Денес како меур се распрсна лагата креирана од СДСМ фалсификаторска, преку безброј лажните вести изминатиов викенд кои што ги креираа, а во врска со наводното посетување на фитнес центар од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во време на воведена вонредна состојба, вели Димче Арсовски на прес конференција.
– Институционалната истрага од страна на Министерството за внатрешни работи, преземајќи ги сите протоколи за утврдување на случајот, се потврди дека оваа снимка е од пред повеќе од половина година, и дека се е согласно законот. Значи СДСМ фалсификаторска свесно ги лажела и манипулирала граѓаните. Вклучително и новиот портпарол за лаги и фаслификати во СДСМ, поранешната пратеничка Снежана Калеска Ванчева. Но, благодарни сме што целата оваа хајка излезе на површина дека СДСМ фалсификува и шири лажни вести – вели Арсовски.
Според него, СДСМ директно стои позади монструозното креирање на лажни вести кои имаат за цел да дискредитираат политички противници како во конкретниов случај, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Бараме, веднаш, јавно да се извинат од СДСМ фалсификаторска за ширењето на лажни вести и свесно замајување на јавноста. Јавно прашуваме и бараме да се истражи до крај, кој го следи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ја загрозува неговата безбедност, притоа да се најдат нарачателите на истото следење и нормално, бидејќи слободата на човекот е право загарантирано со Уставот на Република Македонија, бараме истите да одговараат пред институциите соодветно. Бараме кривична одговорност за сите инволвирани во оваа хајка и нарушување на безбедноста. За крај, многу едноставно можеше да се воочи од каде произлегува оваа конструкција на лажна вест, имајќи во предвид кој беше најгласен околу нејзе – рече Арсовски.