Арсовски до Петров: Водење политика не е „Евровизија”, а реално ни ти не си некој Тото Кутуњо

„Експертот“ за односи со јавност и потпретседател на СДСМ, Коста Петров, го обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски дека земал плата од парите од кои партијата не сакала да се откаже, за разлика од него кој првпат во животот сега работел во државен сектор, и тоа пробоно.

Арсовски во Фејсбук објава му порача дека работи во приватен сектор и не е вработен во ВМРО-ДПМНЕ, а обвинувањата се само ширење на лажни вести.

Интегрален текст од ФБ статусот на Арсовски: 

Ех Коста, Коста.. ‍♂️

Треба да знаеш дека во политика 2+2 не се секогаш 4 како што ти мислиш или како што твојот шеф Зоки те лаже.

Е сега, да ти објаснам да знаеш, да не се брукаш како секој ден и да не те лажат, јас работам во приватен сектор и тоа можеш да го провериш слободно и многу лесно.
Сепак, немој да шириш лажни вести, како на пример дека сум земал плата во моментов од државни пари, затоа што не е така, ниту пак некогаш сум бил вработен во ВМРО-ДПМНЕ. Патем тие пари кои ВМРО-ДПМНЕ не ги ни добила за да се откаже, те молам еве порачај му на шефот ти Зоки и брат му Вице да се откажат од тендерите, ќе има пари за 3 држави како Македонија.

Но, треба уште една работа да знаеш за мене, гледам си ми порачал да јадам уште многу леб за да те стигнам тебе, па затоа морам да те поправам дека немам намера леб да јадам за да те стигнам тебе и константно држам линија уште од мал бидејќи повеќе од 15 години професионално се занимавав со спорт. Знаеш како е, еднаш спортист-секогаш спортист. Така да, извини, но еве можеш мојот леб да го изедеш ти, за секој случај да не останеш гладен.

Ние се откажавме од парите за финансирање, ама вие од платите и твоите шефови од крадење не се откажаа. Шефовите твои за 3 месеци украдоа над 120 милиона евра и да сум на твое место ќе подразмислам малце околу тоа. Инаку, морам да ти признаам дека по завршувањето на твојата политичка кариера, која најверојатно ќе заврши кога ќе биде поразена твојата “fake news” политика на избори ќе мораш да издадеш уште еден сингл – но овој пат ќе се вика “Партија на порази”. Пак ќе ти кажам, водење политика не е “Евровизија”, ниту пак “Мамас” ајвар, а реално ни ти не си некој Тото Кутуњо или Азукар Морено. Ова е реална ситуација за која те гледам дека не си баш свесен како се развива. Политичково искуство не ти е како што мислиш. Во “Партијава на порази” репер ви се Вице Заев и Боки 13 и треба малце да се срамиш.

А кога сме кај твоите успеси, после успешно завршената работа како портпарол на здравство, можам да издвојам уште еден велелепен успех.

До нареден пат додека те пуштат низ вода, линкот подолу.