Филипче: Хоспитализирани се 52 пациенти на Клиниката за инфективни болести – не го оптоваривме здравствениот систем

Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти. За жал имаме 6 починати пациенти, двајца од Прилеп едниот на 58 години се лекувал од 19 април, другиот на 63 се лекува од 9 април. Во ГОБ „8 Септември“ починаа тројца пациенти, двајца од Скопје, 75-годишен и 58-годишен пациент со претходни заболувања, и пациентка од Тетово на 51-годишна возраст. Пред два дена починала и пациентка на Клиниката за онкологија, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Во изминатите 24 часа направени се 2362 тестови, регистрирани се 22 нови случаи на заразени.

Со овие нови случаи вкупната бројка изнесува 1421, оздравени 589 односно 761 активен случај.

На Клиниката за инфективни болести примени се 5 пациенти вкупно 52 тројца критични 25 со потешка клиничка слика. Во ГОБ „8 Септември“ 3 нови примени со потешка клиничка слика, тројца на респираторна машина.. Во Битола 6 пациенти стабилни во Штип исто така, на останатите одделенија вкупно 46 пациенти.

На денешната седница на Владата беа разгледувани предлог мерки коишто ќе важат за првомајскиот викенд и се донесе одлука на 1,2 и 3 мај ќе биде дозовлено движењето од 5 часот наутро до 14 часот.

Притоа двете возрасни групи се одделени. Над 67 дозволено движење до 11 часот, а на лицата до 18 години движење од 12 до 14 часот.

Со ова граѓаните имаат доволно време и да прошетаат и да ги набават потребните намирници без да се создаваат гужви. Мора задолжително да се носи заштитна маска.

Сите имаме подеднаква одговорност не смееме да дозволиме и сега да го доведеме во прашање она што досега сите го издржавме, најголемиот предизвик, направивме многу, нашите сегашни анализи укажуваат дека факторот на трансимисја во цела земја е под 1 и чекаме уште неколку денови за да видиме каков ќе биде трендот на новодијагностицирани.

Ја израмнивме кривата, имавме линеарен број на случаи и не го оптеретивме здравствениот систем.

Ако секој граѓанин ги почитува мерките ќе ја надминеме оваа состојба и постепено ќе го вратиме нашиот живот во нормала“, кажа Филипче.