Филипче: Полицискиот час останувапо првомајските празници, рано е за укинување

Полицискиот час ќе остане во сила и во деновите по Првомајските празници, вели министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека сѐ уште е рано за укинување на мерката.

 Како што кажа тој, во одговор на новинарско прашање, за таква одлука треба да се направат дополнителни следења на епидемиолошката слика и бројот на новозаболени лица во сите делови од државата.