
Германската Влада одлучи да и помогне на националната авиокомпанија Луфтханза со девет милијарди евра.
Според дигиталниот економски магазин „Бизнис инсајдер“ што се повикува на извори од компанијата, државата ќе го преземе учеството во компанијата и за девет милијарди евра ќе добие малцински пакет со право да блокира одлуки.
Државата исто така добива до два мандата во Надзорниот одбор.
Договор е постигнат вчера помеѓу претставниците на Владата и компанијата Луфтханза, а директорот на авиокомпанијата Карстен Сфор, канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц треба само формално да го потврдат докуметот.