
Кинескиот град Вухан, кој се смета за жариштето на пандемијата на коронавирусот, од среда ги отвора за посети своите туристички знаменитости, пренесува весникот The Star.
Градот во централна Кина кој е најпогоден од новата респираторн болест Covid-19м од 29-ти април на туристите ќе им овозможи пристап до својата главна туристичка атракција – Кулата на жолтиот жерав.
Живописниот парк ќе биде отворен од 8,30 до 17 часот по локално време, а дневно ќе може да го посетат 5.400 гости.
Туристите може да направат резервации преку интернет со скенирање на своите лични исправи или со QR кодот на влезот од паркот, откао ќе им биде измерена телесната температура и проверен ткн зелен здравствен код.
Централната кинеска провинција Хубеи, чиј административен центар е градот Вухан со 11,5 милиони жители, повторно ги отвора своите 266 најпозната туристички знаменитости, како што во неделата соопштени покраинскиот оддел за култира и туризам.