
Четири лица се повредени во сообраќајка што се случи околу 13 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, пред селото Петралинци.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.
– Во незгодата учествувало едно патничко возило, а во него имало четири лица и сите се повредени. Тие се пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување помош, рече Рендевска.
Повеќе детали за сообраќајката од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.