
Македонија е на врвот на листат со најмногу починати од коронавирусо, во споредба со земјите од соседството, што е податокот кој важи подолг период наназад.
Заклучно со вторникот, во Македонија беше потврден 71 смртен исход од Covid-19, или 34 починати на милион жители. Истовременот според официјалните податоци рција има 13, Бугарија 8, Албанија 1о, Србија 19, Хрватска 15, Бих 19 смртни исходи на милион жители.
Покрај тоа, во текот на вчерашниот ден Македонија и ја мина Словенија според бројот на заразени случаи од коронавирусот, кога вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата држава изнесуваше 1.421, а во Словенија е 1.408 пациенти.
Словенија е земја којашто е една од најспоредливите со Македонија во регионот, а има реално поголем број житеели коишто живеат во земјата, над два милиона, додека во Македонија бројката е помала.
Исто така, како ризик фактор за Совенија е и тоа што се граничи со северна Италија, регион кој најмногу настрада од коронавирусот, а до средината на март границата со Италија беше отворена.