
Сакате десерти, но немате премногу слободно време? Овој десерт не одзема премногу време за подготовка, а ќе ги воодушеви сите оние што ќе го пробаат.
Состојки:
3 филџани слатка павлака, 1 кафена лажица екстракт од ванила, 3 лажици шеќер, 1 кутија чоколадни бисквити и 1 црна чоколада.
Подготовка:
Павлаката, ванилата и шеќерот ги матиме со миксер се додека не добиеме малку поцврста смеса, а потоа десертот го обликуваме како што е покажано во приложеното видео.
Најтешкиот дел од целата подготовка е тоа што откако ќе го „спакувате“ десертот треба да го ставите во ладилникот и да чекате неколку часа, но верувајте дека на крајот ќе бидете воодушевени.