Потрошени се 120 милиони евра од буџетот повеќе, отколку што се прибрани

Дебаклот на економските политики на власта на Заев сега излегуваат на виделина. Епидемијата со корона вирусот само ја влошува и онака лошата состојба со буџетот. Се потврдија нашите стравови дека власта на Заев неодговорно се однесува со парите на народот и се подготвувала за изборна корупција која сега скапо ќе ја плаќаме. Потрошен е во првите 3 месеци речиси 43% од планираниот дефицит на годишно ниво, а ништо не е изградено, што значи дека власта во огромен дел парите ги потрошила ненаменски за предизборни цели, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат само за споредба во изминатите три години за истиот период дефицитот бил реализиран во просек 18%, а оваа година тој е 43%.

-Патем и покрај безмилосното трошење на буџетот реализацијата на капиталните инвестиции за првото тромесечие изнесува само 8,45%, што значи тие пари не биле трошени за патишта и инфраструктура, туку за партиски вработувања и ставка други трошоци. Од почетокот на годината потрошени се 120 милиони евра повеќе отколку што се прибрани, а добар дел од таа разлика е направена во време кога се уште немаше никакви импликации од епидемијата со корона вирус. Ова значи дека секое семејство за само 3 месеци од 2020 година е задолжено за нови 250 евра. Само во март месец дупката изнесува 50 милиони евра, а крајните прогнози на ММФ се дека годинава, поради неспособноста на оваа власт и ненавремените мерки, ќе ја завршиме со пад на БДП од 4%. Дупката во буџетот ако се превземаат други неодговорни чекори може да порасне и до 1,3 милијарди евра, што значи дека оваа година ќе биде година на економски крах.
Дека власта предоцна и премалку превзема мерки за спас на економијата говори и фактот што уште на почетокот на месец март, кога ВМРО-ДПМНЕ алармираше и предлагаше конкретни мерки, економскиот тим на владата испланира само 5 милиони евра за поддршка на стопанството, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа илјадници работници се отпуштени, а уште толку стравуваат дека ќе го изгубат своето работно место. Мерките на владата се недоволни и огромен број од стопанските субјекти може да стават клуч на врата.