
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира граѓаните да бидат внимателни во сообраќајот за претстојниот празник, 1Мај.
– Покрај почитување на препораките за заштита од ширење на вирусот, особено важно е внимателно и одговорно да се учество во сообраќајот. Искуствата од минатите години загрижуваат, а загрижува и фактот што и покрај тоа што интензитетот на сообраќајот е значително намален, во последниот период се случија неколку сообраќајни незгоди со загинати и тешко повредени лица – велат од РСБСП.
Затоа, апелираат:
– возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
– почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација,
– не управувајте со моторно возило, ако сте под дејство на алкохол,
– почитувајте ги правилата за ограничување на брзината
Посебен апел од РСБСП упатуваат до младите возачи, како најранлива категорија учесници во сообраќајот, трезвено и одговорно да учествуваат во сообраќајот бидејќи само така ќе пристигнат безбедно на саканата десинација.
– Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствија кои ги преземаме. Затоа, мислете на време. Да не се каете за последиците, бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателно и одговорно учество во сообраќајот, внимателно возење е основен предуслов за безбедни празнични денови – апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.