
Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, кој е веројатниот кандидат на Демократската партија за ноемвриските претседателски избори, постигнал договор со сенаторот од сојузанта држава Вермонт, Берни Сандерс, за распределба на гласовите на делегатите на Националната конвенција на партијата, објави во четвртокот агенцијата Associated Press.
Агенцијата на увид го имала соопштението на кампањата на Бајден, испратенот до првите луѓе на локалните ограноци на Демократската партија во сојузните држави. Во документот се наведува дека двајцата политичари постигнале договор, со кој Сандерс ќе ги задржи сите гласови на делегатите во неговт полза освоени на досега одржаните партиски предизбори и од корпусот на партиските активисти.
Во прилогот на Associated Press се забележува дека според статутот на Демократската партија, третина од овие гласови требало да бидат префрлени на контото на Бајден, откако неговиот противкандидат се повлече од трката за партиската номинација. Сепак, како што посочува агенцијата, двајцата политичари се согласиле да ги спречат натамошните поделби во партијата и острите спротиставеност меѓу нивните поддржувачи. Сандерс, инаку, објавувајќи го своето изненадувачко повлекување од трката даде јавна поддршка на кампањата на Бајден.
„Оваа есен мораме да го победеме (актуелниот републикански претседател) Доналд Трамп, и ние сме убедени дека овој договор ќе овозможи сплотување на партијата ….“, цитира агенцијата дел од заедничката изјава на Бајден и Сандерс.
Според оцената на Associated Press, битката за гласовите на делегатите меѓу Берни Сандерс и тогашната претенденка на номинацијата на демократите, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, наводно била една од причините за победата на Трамп на претседателските избори во 2016 година.
Бајден остана единствениот кандидат за номинацијата на Демократскта партија на изборите кои ќе се одржат на 3-ти ноември, откако неговиот главен опонент Сандерс на 8-ми април се повлече од предизборната трка. Националната конвенција на Демократската партија, на којшто се очекува Бајден официјално да биде прогласен за кандидат за нов станар на Белата куќа, е закажана за средината на август во Милвоки, во сојузната држава Висконсин.
Според пресметките на весникот The New York Times, Бајден веќе осигурил поддршка под 1.406 делегати на конвенцијата, а Сандерс до повлекувањето обезбедил 974 делегатски гласови. За да стане кандидат за 59-от претседател на САД, во првиот круг од гласањето на конвенцијата на демократите Бајден треба да ја осигури поддршката од 1.991 делегат.