17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Четворица мртви од коронавирусот и нови 29 заразени

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 1,494 од кои починало 81 лице,  бројката на оздравени пациенти е 807, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606, според најновите податоци од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на Covid-19 и тоа во: Скопје – 11, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Велес – 6, Кочани – 3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55-години лекувана на клиниката од 24-ти април и 87-годишен пациент лекуван на клиниката од 27-ми април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост.

Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп. Станува збор за жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, којашто починала дома.

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ почина пациент од Зрновци, на 62-годишна возраст, на болничко лекување од 21-ви април.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.