Ким Џонг-ун по дваесет дена се појави во јавноста

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун во петокот првпат се појавил во јавноста по 20 дена, објави службената новинска агенција KCNA, а американските медиуми објавија дека претседателот Доналд Трамп навестил дека „во скоро време“ ќе излезе со изјава во врска со ситуацијата на водачот на Северна Кореја.

Претседателот на Државниот совет на Демократска Народна Република Кореја, во саботата по локално време присуствувал на церемонијата на пуштање во работа на постројка за вешташки ѓубрива во градот Сунчон, северно од главниот град Пјонгјанг.

„Почитуваниот висок лидер, другарот Ким Џонг-ун лично ја пресече лентата, означувајќи го завршувањето на изградбата, земајќи учество на церемонијата“, се истакнува во извештајот на севернокорејската агенција.

Како што се истакнува во агенцискиот извештај, големото отворање на фабриката на која учествувал и севернокорејскиот лидер било темпирано да се совпадне со Меѓународниот празник на трудот 1-ви Мај, кој традиционално се одбележува со големи „работни победи“ и голем број културни манифестации во затворената комунистичка земја.

„Со звуците на поздравниот маршм, другарот Ким Џонг-ун пристина на местото на церемонијата. Сите учестници бурно извукуваа „Ура!“, поздравувајќи го почитуваниот висок лидер“, се вели во извештајот на KCNA. Во славеничка атмосфера, севернокорејскиот лидер ја пресекол лентата на завршената постројка и потоа им „одмавнуваше со раката на озарените градители и масите“.

Ким, исто така, разгледал неколку погони од новата фабрика, каде што му ги објаснувале процесите за производство на фосфор и ѓубривата за земјоделството на негова база. Како што истакнува агенцијата, Ким го нарекол пуштањето во функција на фабриката „важен момент на приближување на хемиската индустрија во земјата на повисокот ниво“.

„Сите учесници кои свечено го прославија значајното завршување на изградбата со учество на почитуваниот висок водач другарот Ким Џонг-ун, беа исполенти со страсен ентузијазам да го поддржат раководството и идеите на партијата, со духот на самоувереност и непоколеблива цврстина горди на успесите кои ќе ја прослават оваа година, кога се слави 75-годишнината од основањето на Работничката партија на Кореја и со тоа континуирано се стремиме кон нови победи“, заклучува во својот извештај севернокорејската службена новинска агенција KCNA.

Ким не се појави во јавноста од 12-ти април. Откако јужнокорејскиот ресурс Daily NK, специјализиран за вести од Северна Кореја, објави дека Ким Џонг-ун е во животна опасност по кардиоваскиларен оперативен зафат, започна лавината нагаѓања и шпекулации за состојбата и местото на кое се наоѓа водачот на комунистичката земја.

Според некои медиуми, како aмериканската CNN, повикувајќи се на неименувани разузнавачки извори, Ким бил во многу тешка здравствена состојба. Официјални Вашингтон и Сеул негираа дека севернокорејскиот челник има здравствени проблеми, но не известуваа понатаму за нивните сознанија.