
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, го донираше својот дрес од 100-тиот настап за Македонија, објави 24 Вести.
Пандев се приклучи во акцијата на голем број светски фудбалери и јубилејниот „црвено-жолт“ дрес го подари за аукција на која ќе се собираат сретства за борба против ковид-19.
„Овој дрес е од мојот национален тим, од натпреварот меѓу Македонија и Летонија. За мене е многу важен бидејќи тоа беше мојот 100-ти натпревар за репрезентацијата. Сите собрани средства ќе бидат донирани“, објави Пандев на својот Инстаграм профил.