
Во изминатото деноноќие 50 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење. Приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според статистичките податоци на МВР, за изминатото деноноќие, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а уште 65 лица потпишале изјави за самоизолација.
Како што информира МВР, извршени се контроли кај лица кои се во изолација и самоизолација, но не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.