
Кинеската државна новинска агенција Xinhua објави краткометражна анимација „Беше еднаш еден вирус..“ во стилот LEGO за активностите на Пекинг по избувнувањето на заразата со коронавирусот и реакциите на САД на предупредувањата од кинеската страна, како и за контроверзните позиции на Вашингтон.
Анимацијата започнува со отворање на црвената завеса а на сцената се појавуваат фигури LEGP во форма на воин од познатата „Теракотна војска“ со медицински маски и Статуата на слободата, две меѓу најпознатите знаменитости на Кина и на САД. Потоа се појавуваат елементи LEGO со натписот „Декември“ и Воинот од теракота вели: „Се појавија извештаи за необични случаи на пневмонија“, а по него се појави логото на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и вели „Ве разбравме“.
Во продолжение се води дијалог меѓу Теракотниот воин и Статуата на слободата во јануари, во кој воинот вели дека во Кина е откриен нов вирус, а статуата одговра „Па што?“. Воинот предупредува дека „Тој е опасен“, но статута е упорана „Тоа е само настинка“.
Во продолжениет на дијалогот Теракотниот воин повикува да се носи маска, а Статуата на слободата одговара дека „тоа не е нужно“. Воинот повикува да се остане дома, а Статуата тоа го нарекува „кршење на човековите права“. Воинот најавува градење привремени болници, а Статута и натаму инсистира дека тоа е „концентрационен логор“, а кога Воинот вели дека болницата е изградена за 10 дена, Статуата го нарекува тоа фалење. А решението за воведување на мерката за изолација и затворање на градовите, метафората на една од најпрепознатливите знаменитости на САД тоа го нарекува „варварски“.
Следува февруари, зад Теракотниот воин се појавуваат четири фигури на лекари со медицински маски со рентгентски снимки во рацете, а Воинот вели дека здравствениот систем на Кина е преоптоварен, на што Статуата одговора „гледајте колку Кина е заостаната“, а на педупредувањето дека „вирусот ги убива лекарите“, Статуата одговара „Типично за третиот свет“.
Во натамошниот дијалог, симболот на Кина предупредува дека вирусот се пренесува преку капки во воздухот, американскиот симбол вели дека вирусот магично ќе исчезне во април.
Настапува март, и зад Теракотниот воин веќе стојат лекари во заштитни одела а тој известува дека показателите за болеста во Кина се во опаѓање, а како одговор Статуата на слободата наведува дека тоа не е возможно – „погледнете ја Италија“.
Во продолжението Статуата на слободата тврди дека Кина ги мамела САД, на што Теракотниот воин вели дека Пекинг транспарентно ги споделувал информациите, но Статуата на слободата не се откажува и инсистира на тоа дека кинеската страна во тајност чувала информации и не ги предупредила другите.
„Ние кажувавме дека тоа е опасно…. Рековме дека вирусот се пренесува преку воздихот“, потсетува Воинот, но Статуата веќе со приклучена инфузија продолжува да инсистира дека Кина лажела и давала неточни информации.
„Вурисот не е опасен. Но милиони Кинези умреа, и покрај тоа што вирусот не е опасен. Во право сме, дури и кога самите се противречиме“, кажува Статуата на слободата.
Како одговор, Теракотниот војни се обида да ја вразуми „Слушни се само себеси“.
Натаму Статуата на слободата вели дека Кина сепак лажела, а САД ништо не преземале и затоа што СЗО се согласила со Кина, Вашингтон ги запира своите средства за организацијата.
„Ние секогаш сме во право, дури и кога си протвречиме“, упорна е Статуата на слободата.
На тоа Теракотниот воин заклучува: „Тоа е токму она што кај вас Американците најмногу го сакам – вашата постојаност“.
Анимацијата е кинеска реакција на американските жестоки критики на СЗО и Кина во контекстот на борбата со пандемијата на коронавирусот. Американскиот претседател Доналд Трамп го најави суспендирањето на американското финансирање на СЗО, затоа што организацијата, според него, исто така, не давала навремени иформации и не ја известила светската заедница за вистината.
Покрај тоа, Трамп претходно седмицава изјави дека САД ја разгледуваат можноста дека коронавирусот кој ја предизвикува респораторната болес Covid-19 потекнува од лабораторијата во кинескиот град Вухан, и има намера да го утврди неговото потекло.
Американскиот претседател ѝ се закани на Кина со последици, доколку се покаже дека Пекинг намерно дозволи ширење на Covid-19. Разузнавњето на САД дошло до заклучок дека коронавирусот не е генетски или лабораториски создаден, но засега во Вашингтон не ја исклучуваат можноста тој да е „побегнат“ од лабораторијата во Вухан каде бил третиран не како биолошко оружје, туку во настојувањата на Кина да се претстави како супериорна во областа на вирологијата.
Кинеското министерство за надворешни работи одговори дека Пекинг од самиот почеток на здравствената криза била отворена и одговорна во врска со објавувањето на податоците за епидемијата од коронавирусот.