Денеска 47 оздравени, 7 новозаболени и еден починат од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:

    • Скопје – 512

     Куманово – 401
     Дебар – 51
     Штип-34
     Прилеп –159
     Тетово – 90
     Струга – 67
     Велес – 77
     Битола –19
     Охрид –15
     Кавадарци – 5
     Гостивар –17
     Гевгелија – 4
     Струмица – 2
     Крива Паланка-5
     Радовиш – 4
     Крушево – 3
     Кочани – 31
     Пробиштип – 2
     Кичево – 2
     Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
     Демир Хисар – 1
     Македонски Брод -2
     Пехчево- 2
     Делчево-1
     Валандово -1
     Виница – 2
     Кратово-1

Направените 113  теста се преку: ИЈЗ –108, Ветеринарен ф-тет -0 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -0 и МАНУ -5.  Досега во земјата се направени вкупно 17359 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на ковид-19.