
Утрово околу 02:40 часот товарно возило управувано од жител од Радовиш удрило во негов сограѓанин, В.В. (69) во селото Владевци. Веста ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.
-Незгодата се случила на магистралниот пат А4, Струмица-Радовиш, на делот кој поминува низ селото Владевци. Полицијата по налог на јавен обвинител изврши увид, додаде Рендевска.
Повредениот радовишанец е пренесен во болницата во Струмица, каде е задржан на понатамошно лекување.